Јужна Кореја: Декларацијата за воена состојба на Јун не е гром од ведро небо
Разбирлива е фрустрацијата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол. Левичарската опозиција во Јужна Кореја, Демократската партија, има мнозинство во Националното собрание. Од првиот ден се обидуваат да го попречат и поткопаат.
Тие ја блокираа неговата политика на секој чекор и се обидоа да го отповикаат 22 пати откако тој ја презеде функцијата во мај 2022 година. Тие ги отповикуваат неговите клучни функционери и исто така ја таргетираат неговата сопруга под обвиненија за корупција.
Толку за „лојалната опозиција“. Ова изгледа многу подалеку од политиката „на остри лакти“. Јун го опиша ова како „законодавна диктатура“.
Но, прогласувањето на воена состојба на Јун на 4 декември беше нешто како: „спремај се, цели и пукај“. Се чини дека не се заснова на некоја конкретна разузнавачка информација за непосредна закана што би можела да гарантира или да предизвика поддршка од народот за таков драстичен потег во добро воспоставена демократија.
Последиците:
Некои извештаи укажуваат на тоа дека министерот за одбрана и можеби шефот на армијата го охрабриле Јун да прогласи воена состојба како најдобар начин да се победи опозицијата што ја направи Јужна Кореја земја која не може да се управува.
Сепак, раководството на матичната партија на Јун излегоа против овој потег. Немаше голема јавна поддршка, па дури и воената поддршка ја снема.
Неколку часа по прогласувањето воена состојба, Јун го укина декретот. Сепак, штетата е направена. Покрај штетата за јужнокорејското граѓанско општество, за Американците е огромна главоболка кога клучниот сојузник во североисточна Азија е во таква ситуација.
На Кинезите воопшто не им пречи.
Еве уште нешто што треба да се земе предвид: Претседателот Јун во својата изјава со која ја објави и оправдува воената состојба ги предупреди поддржувачите на Северна Кореја во опозицијата, пишува Азија Тајмс.
Тој е всушност во право. Има значителен дел од Демократската партија на Јужна Кореја и левичарскиот политички свет кој е про-Северна Кореја, а исто така и про-Кина – колку и да е тешко да се замисли. Тие исто така се и антиамерикански.