Јувентус ја најде замената за Киеза во Арсенал!?

Пјер-Емерик Обамејанг би можел наскоро да го напушти Арсенал/ фото: EPA-EFE/Neil Hall

Јувентус би можел да го ангажира Пјер-Емерик Обамејанг после тешката повреда изминатиот период на Федерико Киеза за кој најверојатно е завршена сезоната.

Напаѓачот на „топџиите“ и натаму чека да настапи за својата селекција Габон на Африканскиот куп на нации поради позитивниот тест на ковид-19.

Обамејанг има важечки договор со лондонскиот клуб до 30 јуни 2023 година, а се поврзува со трансфер во Јуве каде што би играл и како крило.

Така барем информира италијанскиот медиум „Тутомеркато“, претходно во листата на желби на Јуве беше Мауро Икарди беше на листата на желби, како и членот на Барселона, Мемфис Депај.

Досега сезонава во Премиер лигата Обамејанг има вкупно 14 настапи и четири голови, по еден против Астон Вила, Кристал Палас, Тотенхем и Норич сити.

Арсенал си најде засилување во Јувентус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот