Италија без важен играч во мундијалскиот бараж против Македонија

Федерико Киеза се здоби со тешка повреда на дербито против Рома/Фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

Сите во Јувентус беа загрижени за состојбата на коленото на Федерико Киеза по напуштањето на теренот во победата над Рома, сега е јасно зошто.

Јувентус на официјалната веб-страница потврди дека италијанскиот напаѓач се здобил со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на левото колено и за него најверојатно е завршена сезоната.

„Старата дама“ информираше дека денеска беа направени дијагностички тестови кои ја открија повредата.

– Ќе биде неопходно играчот да биде опериран во следните неколку дена – пренесува клубот од Торино.

Сезонава 24-годишниот играч за Јуве (на позајмица од Фиорентина) во италијанската Серија А запиша два голови во 14 настапи, а лани во првата година за екипата имаше осум погодоци во 30 настапи.

Киеза е и важен играч на најдобрата италијанска репрезентација и поради повредата се очекува да го пропушти полуфиналето од баражот за Светското првенство 2022 против Македонија на домашен терен на 24 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот