Јуниор учи од најдобриот, Роналдо ја одржува формата во карантин (ВИДЕО)

фото: твитер/hubtainment.com.ng

Ѕвездата на „Старата дама“ не може веднаш да се вклучи во индивидуалните тренинзи во тренинг центарот на својот клуб…

Како што е веќе најавено, возбудувањата во Серија А ќе се вратат на 13 јуни, а играчот на Јувентус вредно работи и во домашна изолација.

Еден од најискусните играчи на актуелниот италијански шампион пред неколку дена се врати во Торино, откако тамошната Влада даде „зелено светло“ за почеток на тренинзите.

Но, ѕвездата на „Старата дама“ не може веднаш да се вклучи во индивидуалните тренинзи во тренинг центарот на својот клуб, односно прво мора да помине 14 дена во карантин, откако скоро два месеци беше во неговата Мадеира.

Португалецот на секаков начин се обидува да ја одржи формата пред продолжувањето на сезоната во Италија.

Напаѓачот на Јуве тренира и во својот двор каде што му помагаше неговиот најстар син, Кристијано Јуниор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот