ЈП „Лајка“: Микрочипот е најдобриот начин да се обединат милениците и сопствениците

ЈП „Лајка“

Во рамките на одбележувањето на месец мај како месец за микрочипирање на милениците, ЈП „Лајка“ преку своја кампања ќе се обиде да ја истакне важноста од микрочипирање на домашните миленици.

– Микрочипот обезбедува сигурна и трајна идентификација, што во голема мера ја зголемува веројатноста доколку вашиот домашен миленик се изгуби, да биде вратен во својот дом. Микрочипот кој е најдобриот начин да ги обединат повторно милениците со нивните сопствени. Микрочипот ја извршува својата функција само доколку е регистриран со ажурирани информации во базата на податоци за домашни миленичиња, како за миленикот така и за сопственикот – велат од ЈП „Лајка“.

Согласно одредбите на Законот за заштита и благосотојба на животите сопствениците на кучиња и мачки имаат обврска да го идентификуваат и регистрираат својот домашен миленик.

– Во таа насока, преку оваа кампања прифатилиштето на ЈП „Лајка“ има за цел да ја подигне јавната свест за градење на култура на одговорно сопствеништво и грижа за благосостојбата на кучињaта – објаснуваат од претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот