Јовановска: 22-годишната трудница жртва на ковид-19 одбивала да биде хоспитализирана

Викторија Јовановска/Директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство / Фото: Архива на Слободен печат

Директорката на Клиниката за Гинекологија и Акушерство Викторија Јовановска на денешната прес-конференција изјави дека 22-годишната трудница која почина вчера од ковид-19 одбивала да биде хоспитализирана иако и биле објаснети ризиците за неа и бебето.

„22-годишната трудница беше донесена на Клиниката на 23-ти минатиот месец по трет пат, односно на 22-ри ноќта била донесена два пати, но одбивала да биде хоспитализирана иако и било објаснето и на неа, но и на семејството дека се става во ризик себеси и бебето. Меѓутоа пациентката одбила хоспитализација, примила инфузија, се потпишала и си заминала“, вели Јовановска.

Таа повторно била вратена на клиниката околу 23 часот, меѓутоа одбила да остане бидејќи требала да биде во делот кај ковид-позитивните пациентки, а таа имала негативен тест.

„Лабораторијата и клиниката укажуваа на тоа дека таа е ковид позитивна. Тие кои се пациентки со симптоми ги третираме како суспектни и ги ставаме во делот на ковид, но не кај позитивните туку со суспектните пациентки, меѓутоа пациентката повторно одбила, а кога се вратила на 23 утрото веќе била со мртов плод и со многу влошена лабораторија“, додаде Јовановска.

Директорката објаасни дека пациентката веднаш била префрлена во шок соба, каде почнало породување. Пациентката била породена следниот ден со царски рез, меѓутоа со мртов плод.

Инаку ова и била прва бременост на пациентката, која имала и дијабет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот