фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Јирген Клоп ќе ја води Германија на Мундијалот во 2026 година?!

Веќе е познато е дека Јирген Клоп на лето ќе се повлече од функцијата менаџер на Ливерпул. Германскиот тренер изјави дека треба да се одмори и да ги наполни батериите, одвојувајќи барем една година пауза од фудбалот.

Веднаш почнаа шпекулациите кој би бил следниот ангажман на Клоп, а според „Билд“, би можел да биде новиот селектор на германската репрезентација, а тамошната федерација е подготвена да го чека колку што е потребно.

Во моментов селектор е Јулијан Нагелсман, но по Европското првенство се шпекулира дека можно е да си замине. Во германската федерација веќе прават план за Светското првенство во 2026 година, а на Клоп прво ќе му биде понудена можност да ја води репрезентацијата.

Федерацијата се надева дека Клоп ќе се согласи да го преземе националниот тим од март 2025 година, кога ќе започнат подготовките за следниот Мундијал.

Во Германија се многу оптимисти дека Клоп може да се согласи, бидејќи ќе има доволно време за одмор, но и голем предизвик пред себе, кој, од друга страна, нема да му одземе толку време како во клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот