Џенет Јелен/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Јелен: САД сакаат конструктивни односи со Кина, со трезвена анализа на фактите

САД се стремат кон „конструктивни и праведни“ економски односи со Кина, но ќе ја бранат својата национална безбедност и ќе се спротивстават на обидите на Кина да ја истисне конкуренцијата, изјави денеска министерката за финансии на САД, Џанет Јелен.

Во настап на Факултетот за напредни меѓународни студии при Универзитет Џон Хопкинс, Јелен раскажа за главните цели на администрацијата на Џо Бајден за она што таа го нарече „најважните“ економски односи меѓу двете најголеми економии во светот.

Кина води конфронтациска позиција во однос на САД и сојузниците.

-Нашите односи очигледно поминуваат низ тензичен момент. Мојата цел е да се сочува јасност и чесност, да се фокусираме на главното и да ги поддржуваме тие важни односи базирано на трезвена анализа на факти, изјави Јелен.

Таа рече дека планира да го посети Пекинг „во соодветен момент“ со цел „одговорно“ развивање на односите. Од министерството не соопштија за можните датуми на таа посета.

Јелен истакна дека растечкото влијание на Кина одговара на интересите на двете страни, само ако Пекинг ги почитува глобалните правила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот