Фото: принтскрин

„Јавно понижување и дискриминација“ – возач на автобус во Црна Гора не ѝ дозволил на патничка да седи зад него зашто носела шамија

Патничка во Црна Гора обвинува за дискриминација додека се возела во автобус, откако, како што тврди, не ѝ било дозволено да седи во предниот дел од возилото, бидејќи носела шамија, објавуваат црногорските медиуми.

Марсела Сукиќ изјави на социјалните мрежи дека возачот на автобусот ѝ рекол дека не може да седи зад него, со образложение дека „не може да ја гледа позади себе“, и дека ѝ било наредено да оди на крајот од автобусот.

Нејзината објава предизвика бројни реакции во јавноста, а некои корисници на социјалните мрежи побараа појаснување и евентуална реакција од надлежните институции.

Од Бошњачката партија во Црна Гора остро ја осудија постапката на возачот на автобусот, наведувајќи дека станува збор за дискриминација врз верска основа. Во соопштението за медиумите, тие нагласија дека ваквите постапки се недозволиви во држава која ги негува мултиетничките и граѓанските вредности, предупредувајќи на, како што наведуваат, зголемување на поделбите, ксенофобијата и исламофобијата во општеството.

Потпретседателот на Собранието и пратеник Мирсад Нурковиќ ги повика надлежните институции да го истражат случајот и да утврдат одговорност, нагласувајќи дека Уставот гарантира еднаквост и слобода на сите граѓани без оглед на религијата. Во исто време, тој ја покани Сукиќ да биде гостин во Собранието, велејќи дека „шамијата не е закана, туку израз на слободата на вероисповед и достоинство“.

Пратеничката Кенана Струјиќ Харбиќ оцени дека овој случај укажува на сè поизразена исламофобија, предупредувајќи дека игнорирањето на ваквите инциденти може да доведе до нормализација на дискриминацијата во општеството.

Бошњачката партија уште еднаш ги повика надлежните органи итно да реагираат и да ги утврдат сите околности на настанот, изразувајќи поддршка за патниците и нагласувајќи ја потребата од заштита на основните човекови права.

Црна Гора влегува во финиш во преговорите со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот