Групата „Јавна соба” е избришана, се постапува за уште една слична на „Телеграм“

Телеграм /Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информира дека групата „Јавна соба” е затворена, напиша вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук налог.
– Го поздравувам ваквиот чекор на платформата „Телеграм“ и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети, бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата „Телеграм“ има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група, напиша Спасовски.
Тој посочува дека сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот