Јапонски научници предупредуваат: Тестиравме кожа на починат пациент, ковид-19 остана девет часа на неа

Фото: EPA-EFE/Bienvenido Velasco

Девет часа е активен коронавирусот на човечката кожа или пет пати подолго од грипозните вируси, утврдија јапонските научници лие откритие повторно укажува на потребата од често миење на рацете за што поголема ефикасност на борбата против ковид-19. Колку за споредба, патогенот кој предизвикува грип „преживува“ околу 1,8 часа на кожата, е заклучок од студијата што беше објавена во овој месец во магазинот „Клиникал Инфекшс Дизизис“ (Clinical Infectious Diseases).

– Деветчасовното преживување на Сарс-КоВа 2 на човечката кожа, тип на вирус што го предизвикува ковид-19, може да го зголеми ризикот од негова трансмисија во споредба со ИАВ, вирус од типот А, влијаејќи на тој начин на побрзо ширење на епидемијата, предупредуваат јапонските научници.

Во својата студија тестирале примероци од кожа што била обезбедена од обдукциска постапка по, отприлика, еден ден од смрт на пациент.

Редовната хигиена го намалува ризикот

И коронавирусот и вирусот на грип се деактивираат по 15 секунди од употреба на етанол што се наоѓа во средствата за дезинфекција на раце.

– Подолгото преживување на Сарс-КоВа 2 на коќата го зголемува ризикот од пренос преку контакт, меѓутоа редовната хигиена на раце може да го намали тој ризик, стои во студијата.

Со студијата се поткрепуваат и поддржуваат препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за редовно и темелно миење на рацете за ограничување на трансмисијата на вирусот.

Според податови на АФП, од појавата на пандемијата на ковид-19 во Кина при крајот на минатата година, до денеска во светот се евидентирани најмалку 1.105.691 смртен случај како последица од ковид-19 и над 40 милиони позитивни лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот