Јапонците гласаат за Горен дом на Парламентот

glasanje japonija

Јапонците денеска бираат претставници на Горниот дом на Парламентот, каде, како што се очекува, владејачкиот блок на премиерот Шинѕо Абе ќе го зајакне мнозинството.

Ќе се гласа за 124 места во Горниот дом, кој е помалку влијателен од двата дома, бидејќи не го избира премиерот директно.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Либерално-демократската партија на Абе би можела да го задржи мнозинството бидејќи гласачите главно сметаат дека тој е посигурен избор од опозицијата. Абе се надева дека заедно со сојузниците ќе успее да освои двотретинско мнозинство, кое е неопходно за процесот на ревизија на јапонскиот пацифистички Устав, односно Членот 9, кој би и дал поголем легитимитет на војската.

Овој член не е менуван од стапувањето во сила во 1947 година и неговата промена ќе претставува голем симболичен пресврт од повоениот пацифизам.

Според анкетите, мислењата на гласачатите се поделени околу менувањето на Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот