Јанша и Тонин преку пратка добиле смртни закани

Јанез Јанша
Јанез Јанша/ Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка во која нему и на неговото семејство му се заканувале со смрт, а слична закана добил и Матеј Тонин, министерот за одбрана и помал коалициски партнер во владата на Јанша, објавија денеска словенечките медиуми.  

Според РТВ Сло, премиерот добил смртни закани во пратка која била испратена на негова приватна адреса, што го потврдиле и од кабинетот на премиерот. 

Полицијата го истражува случајот 

 Веста прво ја објавија порталот Сиол.нез и телевизијата Нова24.тв, медиуми блиски до владата на Јанша. Медиумите објавија дека Јанша и Тонин во петокот добиле писма до нивните адреси, во кои имало закани за смрт и во кои имало „муниција од поголем калибар“, а им се заканувале и на членовите на семејството на Јанша.  

Нова24.тв, основана од Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша, вели дека ова не е првпат на ваков начин да му се закануваат на сегашниот словенечки премиер.  

„Очигледно, ова е последица на создавање психоза од мејнстрим медиумите. Дали конечно ќе ги отрезни оние кои се уште веруваат во добрите намери на потомците на комунистичката револуција?“, наведува реторичката телевизија на својот портал. 

Јанша често ги обвинува „мејнстрим“ медиумите дека се политички мотивирани на страната на левицата, која сака да ја собори неговата влада и дека медиумите и левичарската опозиција стојат зад протестите со барање за предвремени избори. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот