Јанева добива уште еден адвокат: Покрај Фрчкоска, ќе ја застапува и Дељо Кадиев

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, ќе добие уште еден адвокат за да се брани во случајот „Рекет“, пишува МКД.мк.

Според овие извори, покрај адвокатката Ирена Фрчкоска, Јанева ќе ја застапува и адвокатот Дељо Кадиев.

Јанева денеска е повикана во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за прв пат како осомничена, а извесно е дека освен со затворска полиција од Истражниот затвор во Шутка, во пред обвинителката Вилма Рускоска ќе биде во придружба и на двајца бранители.

Таа еднаш даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, но како сведок во постапката и тогаш ја застапуваше адвокатот Стеван Павлески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот