Јанчев: Ги надминавме несогласувањата со Мицkоски, мислам ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат

Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат, вели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој на оваа функција пред 4 години беше избран како кандидат на ДПМНЕ, но во меѓувреме се разиде со партиското раководство предводено од Христијан Мицкоски, по што беше разрешен од потпретседателската функција во опозициската партија. Како што вели Јанчев, ги надминале несогласувањата со Мицкоски.

-Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега, не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата, вели тој.

Според него партијата треба да се соедини за да се направат добри резултати на наредните локални избори.

-Разликите во мислењето треба да го ставиме настрана, за доброто на граѓаните – порача Јанчев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот