Јанакиески: Лажна е изјавата на Нинџа

Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Ќе докажам дека сум невин во овој процес. ОЈО до сега има направено низа суштествени повреди на постапката. Пред Вилма Русковска дадов исказ од 50 страни, а не минаа ни 48 часа тие поднесоа обвинителен акт. Немало правична истрага за настаните од 27 април. Обвинителството има оскудни докази. Целата јавност заслужува да ја дознае вистината за овој случај. Изјавата на Александар Василевски Нинџа не го знам, ниту сум имал со него контакт. Оваа негова трета изјава е полна со лаги и со ветување за поволности кон него. Нинџа може бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но во тоа време јас не сум бил, изјави Миле Јанакиески обвинет во случајот „27 април”.

– Целата негова изјава е лажна. Затоа од судот бараме дополнителни докази. Никаде во обвинителниот акт нема наведено кој од обвинетите каква наводна улога имал во тој акт. Не сум давал никакви наредби или сум координирал пратеници за да преземат некакви постапки во Собранието на Македонија, рече Јанакиески.

Тој додаде дека со распит на екс претседателот Ѓорги Иванов ќе станат јасни многу нешта. Додаде дека неговата партија само ги поддржувала протестите, но не ги организирала настаните. Јанакиески го повика јавниот обвинител Љубомир Јовески, да го рагледа уште еднаш обвинителниот акт и да го повлече обвинението против него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот