Јакупи: Отворените листи, ветувачка опција за поквалитетни општински советници

Фото: Screenshot/YouTube

Граѓаните на Северна Македонија не се задоволни од властите на локалната самоуправа, покажува истражувањето спроведено од Центарот за истражувачки студии на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Според ова истражување, една третина од испитаниците изјавиле дека не го знаат ни името на градоначалникот на општината во кој живеат. Додека, пак, во ниту една од општините каде што било спроведено истражувањето, граѓаните не биле во можност да избројат најмалку пет советници на општинскиот совет, иако тие се оние кои одлучуваат за општинските политики.

Поранешниот заменик-претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Субхи Јакупи за „Слободен печат“ вели дека граѓаните не ги познаваат општинските советници, бидејќи, 90 отсто од нив се само партиски послушници и милитанти.

– Да се биде општински советник е привилегија, но исто така и одговорност – бидејќи тие се локални пратеници според нивната позиција. Мислам дека 90 отсто од нив се само партиски послушници и милитанти, кои не ја завршуват работата што ја имаат според законските надлежности. Отворените листи за избор на советници се ветувачка опција, што ќе овозможува избор на кандидати од различни профили, како и со работно и животно искуство. Од различни истражувања што ги направив, на пример, во Англија, општинските советници не добиваат паричен надоместок и се личности кои имаат искуство и покажаа неспорен успех во своите области (образование, уметност, култура, спорт, урбанизам итн) – вели Јакупи за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот