Воздушна пушка / Фото: архива / илустрација

Ја погодил куршум од воздушна пушка, итно пренесена битолчанка во болница

Жена на возраст од 54-години од битолско, со повреда била донесена во битолската болница. Повредата најверојатно предизвикана од воздушна пушка.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 30.10.2025 во 15:30 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со повреда најверојатно од воздушна пушка е примена Д.М.(54) од с.Долно Српци, битолско.

Увидна екипа на СВР Битола изврши увид и констатирнао е дека, додека повредената била на нива помеѓу село Долно Српци и село Вашарејца, слушнала звук по што почувствувала дека е повредена на главата.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот