Ја освои и Франција, Димитријевиќ со „магичен“ момент во Еврокупот! (ВИДЕО)

Фото: eurocupbasketball.com/Bourg

Во второто коло од натпреварите во Еврокупот, Хувентуд гостуваше во Франција, а противник им беше екипата на Бург. По израмнетото прво полувреме гостите од Бадалона стигнаа до сигурен триумф од 84:77.

Тоа е втора победа за шпанскиот клуб на отворањето на европската сезона, во првата рунда беше подобар од белградски Партизан.

За 19:08 минути на паркетот, македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ реализираше девет поени (1/5 за три, 3/5 од поле и 0/2 од слободните фрлања), додаде седум асистенции (втор асистент во неговата екипа) и три скока.

Хувентуд има максимален ефект (2-0) и моментно е на првото место во групата. Го следат четири екипи, Партизан, Уникс, Венеција и Бург со биланс 1-1, додека турскиот претставник Бахчешехир Колеји засега е без победа.

Еврокупот воедно одвои една од асистенциите кои ги имаше нашиот репрезентативец, односно прекрасниот „цепелин“ до шведскиот интернационалец Симон Биргандер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот