Известувачката за Косово во Европскиот парламент најави мерки против Србија по настаните во Бањска

Немири во Косово / Фото EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Известувачката за Косово во Европскиот парламент (ЕП), Виола фон Крамон денеска изјави дека трпението на членките на Европската Унија кон Србија „постепено исчезнува“ и дека можни се рестриктивни мерки насочени кон раководството, а не кон граѓаните доколку не соработува во истрагата за настаните во Бањска, пренесе Бета.

Европскиот парламент денеска треба да гласа за „Резолуција за последните случувања во дијалогот Србија-Косово, вклучително и за состојбата во општините на северот на Косово“, на предлог на социјалдемократите од ЕП.

Според нацрти на таа резолуција, во неа се споменуваат рестриктивни мерки кон Србија, како и барање за екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово, што Фон Крамон го потврди за телевизијата Н1.

Таа повтори дека ЕУ не сака да ги казнува граѓаните на Србија, дека треба да се прави разлика и дека мерките се изричито против раководството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот