Извештај на Ревизорскиот суд во Словенија: Државата е неефикасна во набавката на заштитна опрема

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Владата, министерствата и Агенцијата за стокови резерви во Словенија, иако во вонредни околности, беа неефикасни во набавката на медицинска и лична заштитна опрема (ППЕ) за борба против ширењето на новиот коронавирус, се посочува во извештајот на Ревизорскиот суд, јави агенцијата СТА.

Во извештајот се вели дека покрај Владата и Агенцијата, министерствата за здравство, економија и одбрана се неефикасни, а Ревизорскиот суд побарал од владата и агенцијата да преземат корективни мерки.

Судот во извештајот наведува дека ги зел предвид вонредните околности во кои работеле субјектите за време на набавката на лична заштитна опрема и медицинска опрема, но утврдил дека постапките за јавни набавки не биле спроведени во согласност со принципите на транспарентност, ефикасност и еднаков третман на добавувачите. Исто така, одредени постапки биле некомпатибилни со прописите и другите законски акти.

Како последица на тоа, во извештајот е наведено дека несоодветна опрема од стоковите резерви е дистрибуирана до одредени корисници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот