Извештај на граѓанските организации за недостатоците во спроведувањето на Цел 16.3 на ОН во РСМ

Агендата 2030 за одржлив развој и 17-те Цели за Одржлив Развој претставуваат глобален повик за акција за да се стави крај на екстремната сиромаштија, за да се обезбеди одржлива иднина и развој на нашата планета и за да им се овозможи на сите луѓе да уживаат еднакво во мир, правда и просперитет.
Развојната Цел 16.3 – Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и обезбедување на пристап до правда за сите, претставува централен елемент од шеснаесеттата развојна цел и ја препознава поврзаноста на пристапот до правда, намалувањето на сиромаштиjата и инклузивниот одржлив развој. Оваа цел обезбедува единствена можност да се даде рефлексија за тоа како националните влади можат да осигураат дека економскиот раст и развој и стратегиите за надминување на сиромаштијата го опфаќаат и пристапот до правда и иницијативите за правно зајакнување, како интегрален дел за остварување на овие цели.

Преточувањето на ЦОР на национално ниво, подразбира подготовка на Стратегии и Акциски планови за одржлив развој на краток, на среден и на долг рок до 2030 година.  За овој процес на национално ниво, државите подготвуваат Доброволен национален преглед (Voluntary National Review – VNR), механизам за известување за тоа како земјите ги имплементираат Целите. Во пресрет на Политичкиот форум на високо ниво / HLPF, во јули 2020 година, Република Северна Македонија подготви извештај што ќе биде разгледан за време на Форумот, а ние како здруженија (Коалиција Маргини и Здружение ЕСЕ, со поддршка на Фондација Отворено општество Македонија) кои долги години работиме на унапредување на пристапот до правда на маргинализираните заедници, доставивме Spotlight извештај во кој ги истакнавме идентификуваните недостатоци во спроведувањето на Целта 16.3 и предлагаме конкретни акции за подобрување на пристапот до правда.

Целите за одржлив развој треба да создадат партнерствата за соработка, размена на искуства и знаења, финансиска и техничка помош меѓу владите и вклучување на бизнис на заедницата, на донаторите, на академијата и на граѓанското општество во нивното спроведување. Затоа, сметаме дека нашиот извештај ќе биде катализатор за спроведување на Целите за Одржлив Развој на национално ниво, преку зајакнување на соработката и координацијата помеѓу Владата, здруженијата и останатите засегнати страни. Во продолжение погледнете ги нашите наоди и препораки: ЛИНК

Препораки и предложени активности
Владата треба:
– Да усвои Национален план за спроверување на Агендата 2030 со конкретни активности за Целта 16.3 и да донесе посебни мерки за подобрување на пристапот до правда за сите, со посебен фокус на маргинализираните заедници и имајќи ја предвид родовата перспектива на акциите;
– Да воспостави и спроведе транспарентни, партиципативни, инклузивни и редовни механизми за известување за имплементацијата на Целите за одржлив развој на национално ниво, што ќе вклучува широко учество на повеќе засегнати страни; и
– Да овозможи учество на невладините организации во дизајнот, испораката, мониторингот и одговорноста во обезбедувањето на ЦОР за исполнување на целите на сите, како и вклучувањето на НВО-секторот во имплементацијата на ЦОР преку посебни институционални структури, како што се Националните совети за одржлив развој.Државниот завод за статистика и Министерството за правда треба:
– Да воведат интегративен систем за собирање, за обработка и за објавување на релевантни податоци за мониторинг на спроведувањето на целта 16.3, вклучувајќи ги сите типови на правни решенија;
– Да собираат годишни податоци за неисполнети потреби за правна помош на населението во најсиромашните квартови;
– Да собираат податоци по неколку параметри, на систематизиран начин, преку граѓаните и институциите, коишто ќе бидат испитувани на одредени интервали за да се види нивната перцепција за правичноста на постапките;
– Да воведат систем за водење на детални записи за времетраењето на притворот и профилот на лицата коишто се задржуваат во притвор, за да може да добијат појасна слика за примената на притворската политика, наспроти должината на кривичната постапка додека таа чека на судење; и
– Да воведат систем со мерливи и кумулативни индикатори на судството, судски систем и буџети за правна помош за да се обезбеди континуиран мониторинг на пристапот до правдата за поединци кои не можат да си го дозволат тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот