Извештај на ЕУ: Играчките за деца се најчесто пријавуваните токсични производи

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Европската Комисија утрово го презентира годишниот извештај за безбедноста на производите присутни на пазарот во ЕУ, и според овој извештај играчките за деца најчесто биле пријавувани до властите како ризични или опасни.

Секоја година Европската Комисија информира кои производи на пазарот (вон прехранбените) се пријавувани во земјите членки на ЕУ како опасни. Оваа година е забележан значаен раст на пријавите за производи поврзани со ковид-19, како заштитни маски и гелови за дезинфекција кои содржат токсични супстанци.

Најчесто пријавувани производи се играчките за деца со 27 отсто од вкупниот број пријавени производи во ЕУ, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд и Обединетото Кралство. Следуваат моторните возила и електрична опрема.

Според анализата, пријавените производи во 25 отсто случаи се однесуваат на опасност од физичка повреда, потоа на хемиските компоненти, а на трето место е опасност од задушување за децата.

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс го пофали заедничкиот систем на ЕУ за пријава на опасни производи познат како Сејфти Гејт.

– Со заштитни алатки како оваа ги обезбедуваме и понатаму правата на потрошувачите, изјави Рејндерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот