Израелската армија сака да мобилизира резервисти за својата воздушна одбрана

Израелска армија / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Израелската армија сака да мобилизира резервисти за силите за воздушна одбрана, јави ДПА.

-По проценката на ситуацијата, одлучено е да се зголеми бројот на воениот персонал и да се повикаат резервисти за воздушните одбранбени сили, соопшти израелската армија, не наведувајќи конкретни причини за преземената мерка.

Израелските медиуми објавија дека одлуката е донесена поради заканите од Техеран. По осомничениот израелски воздушен напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа неколку лица, Иран вчера ја повтори својата намера да возврати.

-Нападот „нема да остане без одговор“, предупреди иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Двајца генерали и пет членови на Иранската револуционерна гарда беа убиени во нападот во понеделникот. Според иранските медиуми, загинале и шест сириски државјани.

Иранската револуционерна гарда (елитни ирански вооружени сили) се смета за повлијателна од иранската конвенционална армија, забележа ДПА.

Иранското Министерство за надворешни работи го обвини Израел за нападот. Американската влада, исто така, верува дека Израел го извршил нападот, но не го коментираше случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот