Израел уби најмалку 16 припадници на военото крило на Хамас во Појасот Газа

Најмалку 53 лица се убиени во Газа, од кои 15 деца, од ескалацијата на насилството во понеделникот, според Министерството за здравство на Појасот Газа.Шест лица се убиени во Израел, соопштија медицинските власти.

Израел соопшти дека убил 16 припадници на военото крило на палестинската радикална исламистичка група Хамас во воздушен напад врз Газа, а палестинските екстремисти истрелале над 1.000 проектили кон израелска територија.

Најмалку 53 лица се убиени во Газа, од кои 15 деца, од ескалацијата на насилството во понеделникот, според Министерството за здравство на Појасот Газа.Шест лица се убиени во Израел, соопштија медицинските власти.

Израелската служба за безбедност Шин Бет соопшти дека бригаден командант за градот Газа е меѓу убиените високи членови на Хамас.

Набргу по објавата, беше извршен нов голем ракетен напад врз израелскиот град Ашдод, а израелските медиуми јавија дека војската се подготвува за нова заштита во областа на Тел Авив.

Хамас ја потврди смртта на бригадниот командант и загубата на „други лидери и војници” и во објавата нагласија: „Илјадници лидери и војници ќе одат по нивните стапки”.

Израелски медиуми јавија дека израелски војник бил убиен откако палестински екстремисти во Газа истрелале противтенковска ракета во близина на границата, соопшти израелската армија.

Околу 850 од ракетите истрелани од палестински радикали биле пресретнати во Израел, додека околу 200 ракети имале проблем со лансирање и паднале во појасот Газа, според израелската армија.

Палестински извор истакна дека обидите за прекин на огнот од страна на Египет, Катар и ОН не успеале да стават крај на насилствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот