Израел ја бомбардираше авиобазата во Хомс (ВИДЕО)

Израел вчера, вторпат во 24 часа ја нападна воздушната база во сириската покраина Хомс, јави сириската новинска агенција САНА.

При нападот врз базата Т4 еден војник загина, двајца се повредени, а оштетен е магацин за оружје.

Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР) објави дека при нападот загинале петмина, меѓу кои и сириски војник.

Според СОХР, во базата Т4 стационирани се и ирански борци и припадници на Хезболах.

Нападот се случи само неколку часа откако Израел истрела повеќе ракети во близина на главниот град на Сирија, Дамаск, и во јужниот дел од земјата во покраината Кунеитри, на Голанска Висорамнина. Во првиот напад, според СОХР загинале најмалку десет припадници на сириските безбедносни сили.

Израел соопшти дека нападот бил одговор на ракетирање од соседна држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот