Трамп и Нетанјаху во Белата куќа / април 2025 г. / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Израел го оспорува составот на Извршниот комитет за Газа

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека „составот на Извршниот комитет за Газа, кој е подреден на Мировниот комитет, не е координиран со Израел и е во спротивност со неговата политика“.

Станува збор за ретко јавно несогласување меѓу Израел и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објавува „Тајмс оф Израел“.

Белата куќа назначи и Мировен комитет и Извршен комитет за Газа, во кој се вклучени личности како што е турскиот министер за надворешни работи, што очигледно е една од причините за незадоволството во Кабинетот на израелскиот премиер, според „Тајмс оф Израел“.

Белата куќа: Рубио, Блер, Кушнер меѓу членовите на Комитетот за мир на Трамп

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се вели дека израелскиот премиер му наложил на министерот за надворешни работи Гидеон Саар да го покрене прашањето со својот американски колега Марк Рубио.

Досега, Саар не бил вклучен во справувањето со израелско-американските односи, кои се воделе преку канцеларијата на Нетанјаху и преку неговите врвни советници.

Извршниот одбор за Газа има 11 члена и е задолжен за поддршка на канцеларијата на високиот претставник на Обединетите нации за Газа, Николај Младенов, и палестинското технократско тело.

Според „Ројтерс“, во овој комитет членуваат турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток, Сигрид Каг, министерката за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Рим Ал Хашеми, и израелско-кипарскиот милијардер Јакир Габај.

Трамп формира тим за обнова на Газа по војната, Милеј и Карни поканети да се приклучат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот