Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израел ги повлече војниците од Кан Јунис во јужниот дел на Газа

Израелската армија соопшти дека ги повлече своите сили од градот Кан Јунис, најголемиот во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.

98-та командоска дивизија на ИДФ ја заврши својата мисија во Кан Јунис. Дивизијата го напушти Појасот Газа со цел да се опорави и да се подготви за идните операции.Значителен број израелски војници продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и ќе ја зачуваат слободата на дејствување на ИДФ и нејзината способност да спроведува прецизни операции засновани на разузнавање, се вели во извештајот на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Првично беше нејасно дали повлекувањето од Кан Јунис означи пресвртница во стратегијата на Израел во тековната војна во Газа или нова средна фаза на патот кон можна операција во градот Рафа на границата со Египет, забележува ДПА.

И покрај силното меѓународно противење, Израел со недели тврди дека планира копнен упад од големи размери во Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци моментално се засолнети од борбите на друго место во затвореното крајбрежно подрачје.

Армијата вчера објави дека го пронашла телото на израелски заложник во Кан Јунис. Градот се смета за важно упориште на палестинската екстремистичка организација Хамас, која ги предводеше невидените напади врз Израел на 7 октомври, наведува ДПА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот