Израел е првата држава која ја воведе третата доза, сега ја воведува четвртата

вакцинација илустрација
Фото: EPA-EFE

Одлуката за четвртата доза е донесена откако во Израел е забележан првиот сличај на смрт од сојот омикрон. Пациентот боледувал од други болести, два пати бил вакциниран, но не ја примил третата, т.н бустер доза.

Според Бенет, воведувањето на четвртата доза може да и помогне на земјата да помине низ потенцијалниот бран на инфекции предизвикани од сојот Омикрон. Премиерот ги повика сите што ги исполнуваат критериумите да се вакцинираат.

Иако Министерството за здравство веќе одлучи да одобри дополнителни вакцини за оние кои се сметаат за загрозени, студијата што ја испитува ефикасноста на четвртата доза од вакцината против корона допрва треба да започне.

Според Тајмс оф Израел, Медицинскиот центар Шеба во Тел Авив треба да започне со тестирање на 100 волонтери оваа недела, откако на почетокот на декември побара одобрение од Хелсиншки комитет, кој ги потпишува сите клинички испитувања во Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот