Изработени првите тактилни слики од месинг

Фото: Слободен печат

Со цел уметноста и архитектурата да им се доближат на слепите и лицата со  оштетен вид во Заводот и музеј Битола  од постојаната музејска поставка  се претставени  првите тактилни слики изработени од месинг во  Македонија.

Изложбата е направена во соработка со  двајца уметници- кујунџии од Скопје. Новина е што на секој од месинганите експонати е инсталиран  НФЦ таг кој паметниот телефон лесно  го препознава и води до аудио нарација и видео на знаковен јазик. Месингот е избран за да се долови металот од кој некои артефакти се изработени.  Уметничките слики кои не можат да се направат како копија со платно и со четка, се обидовме  да ги направиме со месинг,  изјави  Ирена Ружин, иницијатор на проектите за пристапност во Завод и музеј- Битола.

Инаку  оваа мултисензорна изложба  е со цел да биде достапна за посетители со различни попречености.

Постојаната музејска збирка брои преку 2.000 предмети, а од нив имаме  изработено видеа на заковен  јазик за лица со проблеми со слух и говор и стотина тактилни слики за оние со оштетен вид. Се надевеме дека во  иднина ќе имаме и посебна секција каде слепите лица ќе можат  самостојно да  го доживеат нашиот музеј, изјави Јове Парговски , еден од изработувачите на сликите и   стручен соработник за документација во Завод и музеј Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот