Изненадувачкo откритие на научниците: Оргазмот е клучот за воспоставување стабилна врска кај партнерите

мозок
Фото: Pexels

Оргазмот можеби е клучот за зајакнување на стабилна и долгорочна врска меѓу сексуалните партнери, покажа студијата на научниците од Универзитетот во Тексас во Остин. Тие дошле до овој заклучок со испитување на однесувањето на малите, моногамни цицачи – прериски глодари.

Тим научници направија мапа на мозочните региони на ова животно кои се активни за време на сексуалниот однос и создавањето на врска. Откриено е дека спарувањето на овој вид глодари ја активирало активноста на мозокот во 68 различни мозочни региони, распоредени низ седум мозочни кола. Активноста на мозокот е поврзана со три фази – сексуален однос, поврзување и создавање стабилна и долгорочна врска, пишува „Еурекалерт“.

Повеќето од овие делови на мозокот претходно не биле поврзани со создавање врски, така што мапата открива и нови места за испитување кај луѓето кога се прават и одржуваат врски, велат научниците. Претходните студии открија дека мозоците на жените и мажите имаат сосема различни механизми кои водат до одредени однесувања, како што се парење и одгледување потомство. Во оваа студија, се покажа дека мажите и жените имале речиси идентична мозочна активност за време на создавањето на партнерска врска.

„Тоа беше изненадување. Половите хормони како тестостеронот, естрогенот и прогестеронот се важни за сексуалното однесување, агресивноста и родителството, така што хипотезата беше дека различни делови од мозокот работат различно кај различните пола“, вели Стивен Фелпс, професор по интегративна биологија на Универзитетот во Тексас во Остин и автор на студијата.

Додворувањето кај овие цицачи е различно отколку кај луѓето. Откако ќе поминат меѓу половина час и еден час заедно, мажјаците и женките се впуштаат во сексуален однос и го повторуваат тоа неколку пати на час. Во рок од еден ден се формира врска која може да трае цел живот. Во сврзани парови, тие се грижат меѓу себе, се тешат кога се под стрес, бранат заедничка територија и заедно ги одгледуваат своите младенчиња.

Научниците беа во можност да утврдат кои мозочни клетки биле активни во нивниот мозок во различни периоди кога воспоставувале постојана врска. Ова е првпат овој метод да се користи на прериските глодари.

Најсилниот предиктор за активност во 68 мозочни региони ги изненади истражувачите. Тоа беше ејакулација на мажјакот, што укажува дека ова искуство доведува до промени во емоционалната состојба, но не само кај мажите и женките имаат посилна мозочна активност кога мажјаците ејакулираат.

„Податоците за мозокот и однесувањето сугерираат дека двата пола имаат одговор налик на оргазам и дека оргазмите го координираат формирањето на врската. Ако ова е вистина, тоа би имплицирало дека оргазмите се начин да се продобри љубовната врска, што долго време се претпоставуваше дека е случај кај луѓето“, рече Фелпс.

Тој нагласи дека е невозможно да се знае дали и женската единка од овој глодар доживеала оргазам, но дека истражувањето на мајмуните покажува дека тие го имаат овој физиолошки одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот