Супермаркет/ Фото: Felix Kästle / AFP / Profimedia

Измет од глувци, расипана храна и нехигиена, открила тајната истрага во ланец од маркети во Германија

За време на тајната истрага наречена „Тим Валраф – таен репортер“ спроведена во Германија, беа откриени сериозни хигиенски пропусти во неколку продавници на „Кауфланд“ во Германија. Сирење полно со мувла, измет од глушец и расипана храна. Откриени се сериозни дефекти и нехигиена, пренесува Блиц.рс.

Во истрагата учествувале група новинари од магазинот „Штерн“. Според RTL, истрагата била започната врз основа на дојави од вработените и траела речиси една година.

Во повеќе од 80 отсто од прегледани 50 супермаркети, новинарите кои се претставуваа како работници документираа области покриени со мувла, а забележани се и две продавници како продаваат храна со поминат рок или расипана храна.

Во продавница во баварскиот град Бад Телц, на новинар кој се претставувал како работник, колегите наводно постојано му наредувале само да ги отсече мувлосаните делови од сирењето и да го врати за продажба. Исто така, тој имал задача да го препакува готовиот сад на кој му бил истечен рокот, да залепи нови етикети и да им го понуди на клиентите.

Супермаркет во Германија/ Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Од маркетот „Кауфланд“ се правдаат дека таквите постапки не се во согласност со нивните внатрешни правила и дека се проверуваат.

Глувци и нехигиенски услови

Во една продавница во германската покраина Сар, за време на вечерните часови камерата забележала дури 48 глувци како минуваат под полицата за бисквити за само шест часа. Репортерите го документираа изметот од глувчето во близина на храната, а сведоци испратиле фотографии од мртов глушец покрај храна.

-Модернизацијата на таа продавница е планирана за мај 2025 година, со цел да се подобрат хигиенските услови и контролата на штетниците – велат од „Кауфланд“.

Откако јавноста ги запозна условите во овие маркети „Кауфланд“ реагираше брзо, за кратко време сменија менаџери во два супермаркети. Станува збор за продавниците во Бад Телц и Хомбург, кои биле дел од истрагата. Новите раководители веќе ја презедоа функцијата, а најголем дел од забележаните пропусти наводно биле отстранети пред емитувањето на репортажата.

„Кауфланд“ има повеќе од 770 продавници и над 90.000 вработени во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот