Изложбата „100 години Требениште“ од Скопје се сели во Софија

Златните маски од Требениште во Софија и Белград/ Фото: Изложба Требениште 2019. Јаневска Илиева

Ексклузивните наоди од некрополата Требенеште, кои во 2019 година во соработка на музеите на Северна Македонија, Србија и на Бугарија, беше поставена во Скопје, како што беше тогаш најавено, го продолжува својот пат и ќе биде претставена пред бугарската јавност, во Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија.

Продолжува меѓународната соработка во културата помеѓу Македонија, Србија и Бугарија, со реализација на ексклузивната заедничка изложба со која беше одбележана сто годишнината од откривањето на единствената некропола во Требенеште, напиша на својот Фејсбук профил, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Со огромен интерес од јавноста беше проследена уникатната поставка „100 години Требенеште“ , која во Скопје беше отворена 6 месеци, а која во Софија ќе биде реализирана како „105 години од Требенеште“.

Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу трите земји за заокружување на ексклузивната приказна за Требениште кое е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот