Изложба во автобус: „Фото момент“ во 7-ца на ЈСП

Во автобус на ЈСП што вози на линијата број 7 од 12 јули е поставена изложбата на фотографии „Фото момент“ на Дарко Попов. Фотообјективот на авторот ја прикажува „замрзнатата“ сегашност на уникатните мигови од секојдневието.

Целта на изложбата да се смести во простор „кој се движи“ е на урбан и спонтан начин да се овозможи уметноста да допре до граѓаните кога тие најмалку се подготвени за неа.

Дарко Попов повеќе од петнаесет години се занимава со фотографија како професионален фоторепортер на Медиумската информативна агенција МИА. Изложбата е дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 40, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-19 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот