Изложба на плакати од црногорската кинематографија во Кинотеката

Во фоајето на Кинотеката се изложени 40-ина плакати на филмови од црногорската кинематографија, но и копродукциски проекти – реализирани главно во втората половина на дваесеттиот век, но и од поновиот период. Повеќето од изложените експонати се дел од единствената оригинална колекција на филмскиот режисер Момир Матовиќ, како резултат на неговото децениско трагање по кинотечните архиви, библиотеки, архивите на филмските продуценти и дистрибутери, а некои се откупени од приватни колекционери.

Изложбата „Црногорски филмски плакат“ ја отворија амбасадорката на Црна Гора во РС Македонија, Н.Е. Марија Петровиќ, и директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов. Изложбата е своевиден виртуелен музеј на црногорската кинематографија, во кој може да се сретнат разни филмски стилови и теми, од разни автори (меѓу другите: Живко Николиќ, Здравко Велимировиќ, Вељко Булаиќ, итн.), како и мноштво врвни црногорски и ексјугословенски актери, но и некогашните филмски ѕвезди – и од Истокот (Сергеј Бондарчук) и од Западот (Џозефина Чаплин).

Организатори на изложбата, покрај Кинотеката на РСМ и амбасадата на Црна Гора, се Истражувачкиот центар „Монтенегрин“ од Скопје и повереникот на Матица Црногорска во Република Северна Македонија, Мирољуб Орландиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 71, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот