Изложба на македонски музички плакати ќе биде отворена во МКЦ

Постер за изложбата на плакати во МКЦ

Во рамки на четвртото издание на „Скопски градски фестивал“ во организација на „Баги Комуникации“ на 26 мај, во 20 часот, во Галерија МКЦ ќе биде отворена изложба на македонски музички плакати. Изложбата ќе биде поставена до 5 јуни.

„На изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн“, велат организаторите на изложбата.

Инаку, „Скопски градски фестивал“ за своите четири години постоење сериозно го зазема своето место на мапата на културни настани кои вреди да бидат посетени. Фокусирајќи се на концерти од различни жанрови, како џез, рок, етно, фјужн, фестивалот нуди богата и квалитетна програма за вистинските музички познавачи и љубители.

Веќе за следната година, кога ќе се одржи јубилејното петто издание на Фестивалот, од „Баги Комуникации“ најавуваат збогатување на програмата и со други културни форми и содржини.

Влезот на изложбата на македонски музички плакати во МКЦ е бесплатен за сите посетители. „Скопски градски фестивал“ е поддржан од Министерството за култура и Комерцијална банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот