Насловна страница на „Културен печат“ број 316

Излезе „Културен печат“ број 316 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 316, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (17-19.1.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со театарската режисерка Тамара Стојаноска: Сакам длабоко да се поврзам со светот што го создавам

– разговор со политикологот, прозаист и сликар Емил Крстески за неговата нова збирка раскази: Расказот останува моја творечка определба

– продуцентот „Баги комуникации“ ја најави подготовката на мјузиклот „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски

– синглот „Хед хај“ го најавува новото албумско остварување на Кирил Џајковски заедно со ТК Вондер

– Скопскиот џез-фестивал со џез-матине ќе ги промовира новите календари за 2026 година со фотографии од Жига Коритник

– театарската претстава „Кокошка“ на независното театарско здружение „Вортекс“ ќе има изведба на 20 јануари на малата сцена во Театар „Комедија“

– групата „Парусион“ на 28 јануари ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје

– финалниот концерт на првата интернационална турнеја на кочанскиот бенд „Корка“ ќе се одржи на 19 јануари во кафе и филм „Котур“ во Скопје

– во конкуренција за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади се 46 ракописи

– „Македоника литера“ ја објави книгата од областа на теоријата на литературата „Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

– галеријата „Грал“ го лансираше својот нов официјален веб-сајт како современа дигитална платформа за уметност и култура

– од печат излезе целосниот превод на „Изворите на тоталитаризмот“ од Хана Арент, во превод на Катерина Јосифоска, а во издание на издавачката куќа „Илика“

– издавачката куќа „Паблишер“ го објави новиот роман на Ивица Челиковиќ со наслов „Повратник со две лица“

– издавачот „Матица македонска“ ја објави стожерната античка комедија „Жаби“ од Аристофан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот