Излезе „Културен печат“ број 108 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 108, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (4-5.12.2021), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со фотографии од јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со писателката Калина Малеска: Скопје го доживувам најмногу преку луѓето

– разговор со фотографката Маја Аргакијева: Секогаш ме фасцинира емоцијата на изведувачите

– јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“ е отворена во Чифте амам и Мала станица

– средба со Енсар Бербер, претседател на фондацијата „Мерсад Бербер“

– „Таксират фестивал“ организираше ПИН конференција со врвни професионалци од музичката индустрија

– ликовната уметница Марија Павловска доби меѓународна награда за придонес во ширењето на хоризонтите

– европскиот уметник Артур Жмијевски со самостојната изложба „Демократии / Реализам“ е претставен во МСУ

– Танц фест Скопје ќе ја заврши сезоната за 2021 година со настап на „Скапино балет“ од Ротердам и Скопје танцовиот театар

– фотографии на Кирил Штрков се поставени на изложба во „Рудиќ Галерија“

– „Артконект“ ја објави збирката раскази „Начин на љубење“ од Валтер Уго Мае

– издавачката куќа „Или-Или“ ја објави книгата „Моите ноќни возови“ од францускиот писател Ерик Фај

– во издание на „Готен“ објавена е збирката раскази „Два света“ од словенечката писателка Сузана Тратник

– авторот Владимир Лукаш ја промовираше својата нова сликовница „Ши, ѕифри, копчи“ со илустрации на Наталија Лукомска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот