Изгоре „сеат алтеа“ во Ново Лисиче

Денеска во 9.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ на паркинг имало опожарено патничко моторно возило. Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени две патнички моторни возила „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.С.(73) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, повредени лица нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот