Изгоре „Мерцедес“ во Топанско Поле

Фото: илустрација

Автомобил „Мерцедес“ вчера изгорел на улица во скопската населба Топанско Поле, соопшти МВР.

„На 15.04.2023 во 23.20 часот во СВР Скопје, А.Р. од Скопје пријавил дека на ул.”М.Митевски” било опожарено неговото патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, велат од полицијата.

На местото бил извршен увид и полицијата работи на расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот