Изгаснат пожарот кој вчера ја зафати поранешната фабрика „Декортекс“ во Радовиш
Изгаснат e пожарот што избувна синоќа во Радовиш во кој изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“.
Препорачано
-Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, како и на нивната пожртвуваност и професионалност, пожарот беше локализиран и изгаснат за релативно кратко време, и покрај тешките услови на терен.Пожарникарите вложија големи напори за да спречат негово понатамошно ширење и успешно ја завршија интервенцијата- пишува Радовиш њус.
Вчера попладне се опожари индустрискиот објект од поранешната фабрика „Декор Текс“ во Радовиш, а поради големото количество на запаливи материјали и машини во магацинскиот простор, огнот брзо се прошири. На терен интервенираа противпожарни екипи од повеќе градови, по што пожарот беше ставен под контрола.

За време на интервенцијата, неколку пожарникари се здобиле со телесни повреди. Како што информираше Дирекцијата за заштита и спасување , припадниците на противпожарните единици вдишале поголема количина чад и се здобиле со полесни изгореници.


