Изборните денови неработни за сите граѓани, ДПИ ќе контролира дали работодавците ја почитуваат одлуката

Македонско знаме/Фото: Архива на Слободен печат

Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Македонија. Работодавците во овие денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавци каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Од ДПИ потсетуваат дека овие денови се неработни согласно Заклучокот на техничката Влада, донесен на шеснаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година.

-За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на техничката Влада се почитува од страна на работодавците, се вели во соопштението од ДПИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот