Изборите во Хонгконг одложени за една година

Гувернерката на Хонгконг Кери Лам ги одложи на година дена локалните избори поради порастот на бројот на забоелни од коронавирусот, што пак претставува удар за опозицијата.

Лам не објави нов датум освен дека се одложени на една година. Таа нагласи дека тоа била тешка одлука, но е донесена со цел да се зачува здравјето на луѓето.

Владата на Хонгконг соопшти вчера дека 12 кандидати од опозицијата на престојните избори за места во градскиот законодавен совет се дисквалификувани и дека уште одреден број луѓе може да се соочат со слична одлука во иднина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот