Ивановски: Избори веднаш и политичка влада со три приоритети – здравство, финансиска стабилизација и враќање на економски раст (ВИДЕО)

Нема лесен излез од целава ситуација. Едни од најразвиените земји (Данска) се соочуваат со висок пад. Тие се на врвот и повеќе го чувствуваат падот. Секоја промена надоле кај нив драматично се одразува.

-Не постои брзо и успешно решение, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ универзитетскиот професор и економски експерт Игор Ивановски.

-Сега ние буквално се бориме да најдеме решение за се. Ова што сега е е многу посериозно од минатите кризи (2007-2009). Секоја динамична економија поставена на сопствени развојни, иновативни и одржливи концепти, полесно ќе се справат со кризата. Но, што е успехот во кризава? Ако ние мислиме дека ова е лош филм што ќе трае кратко и дека после два месеци ќе го „одлежиме грипот“ и ќе се вратиме на старо тоа не е начин на справување и мораме да менаџираме со последиците и штетите наместо да генерираме очекувања кои што се нереални.

Тоа не значи песимизам, туку генерирање концепт и систем во кој што ќе се препознае дека се знае што се прави, дека има концепт и тој има свој крај, кој што треба полека низ одредени фази да генерира враќање на претходната ситуација и дури потоа да се вратиме на ситуацијата на раст и развој. Тука доминантна е економијата на САД. Добро е што вчера таа и де факто и де јуре се отвори и берзите позитивно реагираат, вели Ивановски.

Ништо нема да биде како порано, луѓето ќе мора да се прилагодат на промените.

-Мора да сфатиме дека ништо нема да биде како што било порано. Ова до тој степен ќе влијае што промените и новиот начин на функционирање на глобалната и националната економија ќе биде сериозно различен. Тоа ќе биде еволутивен процес, но не е добро да биде радикален. Луѓето ќе се прилагодат, но многу поопасно е ако имаме радикални амплитуди, кои бизнисите нема да можат да го процесуираат. Промените ќе мора да ги креираме и на нив да се прилагодуваме, вели Ивановски.

Комбинација од меѓународни решенија за справување со кризата.

-Нас ни е потребен интервенционизам, но не може тоа да биде единствена филозофија на бизнисот, оти на крајот бизнисот подобро знае да ги алоцира ресурсите, отколку ако некој го менаџира. Патем речено тој систем и пропадна. Централното и планското администрирање кое не беше само во социјализмот, туку и во други држави, не може да биде субститут на пазарот, но во исто време сосема е јасно дека излезот од оваа криза, помеѓу останатите е и интервенционализмот. Сосема е јасно дека економиите сами по себе без директен интервенционализам не може да излезат во некоја ситуација на раст и развој и многу битно ако се изолираат поединечно, не можат да го направат истото. Значи нас ќе ни треба комбинација или хибрид од национални и меѓународни решенија, бидејќи степенот на глобализација е толку развиен да не може да се гледаат суверени решенија исто како што нема суверени проблеми, додаде Ивановски.

Разговорот во кој Ивановски ги потенцираше и приоритетите – како изборите, неопходноста од политичка влада со три приоритети, здравството, финансиската стабилизација и враќање на економски раст погледнете го во видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот