Иванов: Нови избори не се опција, Костов: Се одбегнува ВМРО-ДПМНЕ, партија втора по ред со доделена легитимна моќ

Заев стана мандатар и не се откажува од премиерското столче, колегите од албанскиот блок не дојдоа на „гости“ кај Ахмети, Мицкоски се лути и бара од Пендаровски објаснување зошто е даден мандат без обезбедено мнозинство. Тргна ли можеби составот на новата влада во трета брзина?

-Верувам дека Заев ќе состави влада. Нови избори не се опција, бидејќи резултатот би бил приближен. Верувам дека има се уште време и дека во преговорите ќе се најдат повеќе од неколку партии кои ќе влезат во Влада. Заев да седне со ВМРО-ДПМНЕ е како да сакаш да ги споиш Северен и Јужен пол. ВМРО-ДПМНЕ со својата матрица тешко дека ќе може да функционираат во една Влада. Можеби е добро сите да седнат и да најдат заедничка Влада која ќе работи една, две години без опозиција во насока на спроведување на европските реформи. Изборите завршија, кампањата, вокабуларот на Мицкоски против Заев не престанува. За разговор мора да се внимава на речникот. Нешто тука не функционира, рече Зоран Иванов на денешното гостување во „Само вистина“

Од друга страна, Сотир Костов смета дека ни се случува политички театар.

-Испадна дека победи власта која беше толку напаѓања, реалноста е тоа, фактите се тоа. Јас сум разочаран од севкупните состојби во општеството. Мислам дека ни се случува интересен политички театар од причина што брзавме да направиме избори, ни требаше собрание, влада,а потоа отидовме на одмор. Јас не знам што ќе се случи, но ќе се дојде до договор. Евентуалниот мандатар покажа отсуство на елементарна политичка култура, бидејќи го рипна ВМРО-ДПМНЕ. Не беше пракса победник со победник и сега пак се враќаме на неа. Се одбегнува вториот по ред со доделена легитимна моќ и веднаш се оди на ДУИ, па АА, па Левица и ДПА. Сите после ВМРО се помалу од ДПМНЕ. Половина од оние што гласале, гласале за опција од почеток што се исклучува, рече Костов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот