Иван Дуке: Венецуелскиот претседател брутален како Слободан Милошевиќ

Претседателот на Колумбија Иван Дуке го спореди венецуелскиот претседател Николас Мадуро со Слободан Милошевиќ, предупредувајќи го дека би направил „глупава грешка” ако ја нападне неговата земја.

Дуке ова го изјави пред заминувањето во Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде, како што се очекува, ќе го критикува Мадуро како насилен автократ кој не само што е одговорен за хуманитарна катастрофа во земјата, туку претставува и закана за регионалната стабилност поради наводно давање засолниште на колумбиските бунтовници.

– Бруталноста на Николас Мадуро може да се спореди со Слободан Милошевиќ. На тоа мора да му се стави крај, истакна Дуке

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот