Италијанските власти тврдат: Вакцината на „АстраЗенека“ не е поврзана со смртните случаи

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Не постои врска меѓу вакцината на „АстраЗенека“ и неколкуте смртни случаи што се случија по аплицирање на првата доза, тврдат италијанските власти, пренесуваат медиумите.

Ниту во еден од трагичните случаи не е пронајдена врска меѓу имунизацијата и смртта што настапи по неколку часа или денови од примање на доза од вакцината.

Тоа е потврдено со аутопсија на телата на починатите – двајца професори, двајца карабињери и 50-годишно лице кое работеше како помошен персонал во едно училиште, пишуваат веснниците.

Семејството на професорот по музика, Сандро Тоњати, кој почина од инфаркт по 17 часа од вакцинирањето, преку адвокат соопшти дека „имаат целосна доверба во медицината и науката“.

Во Италија со големо внимание се очекува денешниот извештај на Европската агенција за лекови (ЕМА) за безбедноста на анти-ковид вакцината на „АстраЗенека“ чија употреба е привремено суспенидрана во неколку држави во Европа.

Медиумите потсетуваат дека суспензијата на шведско-англиската вакцина следеше по соопштението на германската агенција за лекови за можна врска на седум специфични случаи со тромбоза со примена вакцина и смртен исход.

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца, и покрај суспензијата, истакна дека верува во исправноста на вакцината на „АстраЗенека“ и тврди дека од денеска ќе продолжи нејзината примена во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот