Италијански експерти: Мобилните телефони го пренесуваат коронавирусот

Рим, Италија / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Авторите на истражувањето сугерираат мобилните телефони редовно да се чистат, а доволно е да се користат салфетки натопени во раствор со најмалку 70 проценти алкохол.

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим.

Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека 93 проценти од студентите кои се на пракса во болнички одделенија користат мобилни телефони за време на нивната работа, а само 16 проценти потврдиле дека при тоа носат заштитни ракавици.

Истражувањето е спроведено во текот на две учебни години, 2018-2019 и 2019-2020 година, и двата пати беше потврдено дека огромното мнозинство од испитаниците за време на нивниот престој во одделенијата со пациенти користат мобилни телефони, без да користат заштитни ракавици или да менуваат ракавици по користење на мобилни телефони.

Само три проценти од испитаниците потврдиле дека ги дезинфицираат своите мобилни телефони секој ден.

– Овие навики, користење на мобилен телефон во одделите каде што се пациентите, можат да ги поништат ефектите од процедурите за дезинфекција на кои се подложува медицинскиот персонал кој е во контакт со пациентите, бидејќи рацете, иако претходно биле дезинфицирани, можат да станат извор, односно пренесувач на вирусот поради микроорганизми кои се собираат на телефоните – рече професорот Џанлорето Д’Ало.

Авторите на истражувањето сугерираат мобилните телефони редовно да се чистат, а доволно е да се користат салфетки натопени во раствор со најмалку 70 проценти алкохол.

Резултатите од студијата се објавени во медицинското списание „Патничка медицина и заразни болести” (Travel Medicine and Infectious Disease).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот