Италијанската агенција за лекови ја одобри вакцината на Астра Зенека, но за лица до 55 години

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Италијанската агенција за лекови (АИФА) ја одобри вакцината на „Астра Зенека” против Ковид-19 за сите возрасни лица, но препорача алтернативи за лица над 55 години.

АИФА ја одобри вакцината за лица постари од 18 години, како што препорача Европската агенција за лекови, но изрази одредена несигурност за нејзината ефикасност кај луѓето постари од 55 години, бидејќи оваа возрасна група беше недоволно застапена во испитувањата.

Во очекување на дополнителни информации, Агенцијата препорачува повластена употреба на „Астра Зенека” за лица на возраст од 18 до 55 години и употреба на mRNA вакцини за постари или почувствителни лица.

Одлуката на АИФА беше донесена еден ден откако Европската агенција за лекови ја одобри за употреба вакцината на „Астра Зенека” за сите лица над 18 години. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот