Италијанец обвинет за употреба на лажен сертификат за негативен ПЦР тест​

ПЦР тест / Фото: Архива

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 59-годишен италијански државјанин за кривично дело фалсификување исправа.

Обвинетиот, на 23 април, се обидел да отпатува преку Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков документ не му е издаден, тој лажната исправа ја употребил како вистинска пред службените лица на аеродромот.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот